Бешикташ е нов шампион на Турција само поради подобриот меѓусебен скор со Галата

117

Фудбалерите на Бешикташ ја освоија шампионската титула во Турција во вистинска драма во последните мечеви од последното сезонско коло.

„Црно-белите“ до 16-та титула стигнаа со победа на гостувањето кај Гезтепе од 2:1, но со идентично бодовно салто како и Галатасарај, кој славеше со 3:1 на домашен терен против Малатијаспор.

Само поради подобриот меѓусебен однос, Бешикташ заврши прв. Домагој Вида погоди во 10. минута за водство на Бешикташ од 1:0. Домашните изедначија преку Озтурк во 24-та минута, а Гезал му донесе победа и титула на Бешикташ со погодок во 69-та минута.

Победата на Галатасарај над Малатајаспор беше пирова, а најголем губитник во сезоната е Фенербахче. Во последното коло, Фенер го победи Кајзериспор со 2:1 на гости, и остана на третото место на табелата кое води само во Европа Конференс лигата на УЕФА.

ПретходноАвтокоманда “ГОРИ“: Пиратско шоу…. (ВИДЕО)
СледноАгуеро заминува, а Пеп изненади со изборот на напаѓач