Битка за финале во „Кале“: Академија ФМП и Еуро Никел ќе одлучат дали вечните ќе се борат за Куп-трофејот!

40

Денеска продолжува битката за пехарот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Први на теренот во СРЦ „Кале“ ќе се истрчаат најголемата сензација, Академија ФМП и МЗТ Скопје.

Избраниците на Александар Петровиќ на дело покажаа дека во ова натпреварување фаворити има само на хартија, но на теренот е поинаку. Кошаркарите на ФМП го елиминираа Пелистер, денеска (17 часот) ќе имаат шанса да дојдат до нова сензација и први да заверат финале.

МЗТ Скопје до полуфиналето дојде преку Куманово, одигра добри три четвртина, а потоа покажа низа слабости, на голема среќа во финишот се снајде многу подобро.

Супер-пресметка ќе има и на второто полуфинале. Еуро Никел кој најлесно мина во четвртфиналето (без поблем го совлада Гостивар) ќе го предизвика најтрофејниот тим во Купот на Македонија, Работнички. Димитар Мираковски видоа мака со ТФТ, но искуството на крајот беше пресудно. Оваа средба е закажан со почеток во 19:30 часот.

ФОТО – ГРАФИКА: КФСМ

ПретходноЧеде со пехар во Купот на Кипар се простува од Олимпијакос Никозија?
СледноИнтер се распаѓа: Си оди Конте, Лукаку во Челзи, Лаутаро во Атлетико, Хакими во Баерн?