Вардар преку Е. Пелистер до 14-та во Купот на Македонија

34

ФОТО: РК Вардар/ Денис Дуковски

И втората пресметка меѓу Вардар и Е. Пелистер оваа сезона заврши со победа на скопскиот состав. Овој пат залогот беше пехарот во Купот на Македонија. “Црвено-црните” славеа со 26-24 и дојдоа до 14 трофеј во ова натпреварување.

Чупиќ со седум гола беше прв стрелец, Дисингер постигна шест, додека Јотиќ четири. На другата страна Танкоски и Периќ имаа по шест.

Вардар отвори со 5-1, битолчани единствениот погодок во првите осум го постигнаа од седум метри преку Периќ. Две исклучувања едно по друго кај скопскиот тим беа доволни за да се разбудат, на момент ракометарите на Е. Пелистер. Периќ и Велковски намалија на 5-3, беше и 6-4, но тука застанаа. Со нови четири гола, Вардар во- 17 минута имаше највисоки 10-4 и 11-5.

Битолчани еднаш дојдоа на минус три (13-10), но застанаа. На одморот избраниците на Стевче Алушовски ги имаа највисоките плус шест (16-10).

Не се промени ништо во првите осум минути по паузата, Вардар беше на позитива од пет до шест гола (17-11 и 18-13).

Е. Пелистер конечно успеа да се врати во мечот, со серија од 4-1, благодарение на Танкоски се доближи на 19-17 на средината на првото полувреме.

Беше жешко во последните десет минути, се играше остро, никој не се штедеше. Периќ со шестиот погодок намали на 22-20 во 54. минута, ставајќи го Вардар на тест.

Драмата почна по голот на Маџовски за 24-23 на две минути до крајот. Дибиров од тешка позиција погоди и ја потврди победата на својот тим. Печат на средбата стави Чупиќ.

Битолчани беа ослабени, поради повреда на грбот не настапи Стипе Мандалиниќ. Мечот не го доиграа Мараш и Дисингер.

ПретходноМЗТ Скопје го „растури“ ФМП со 20 разлика и се пласира во финалето на Купот
СледноПлеј – аут: Кожув го победи Црн Дрим и остана во елитата!