Георгиевски со Македонското знаме на чело на ОИ во Токио

71

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио (Јапонија) кои се очекува да се одржат годинава од 23 јули до 8 август.

Оваа вест со задоволство ја објави тренерот на таеквондо клубот „Бутел“, Дарко Костовски

„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“ – рече Костовски

Потсетување дека Георгиевски на квалификацискиот турнир во Софија (Бугарија) ја обезбеди олимписката норма, во големото финале со резултат 13:6 го совлада актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Тој е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, претходно борачот Могамедгаџи Нуров се избори за норма.

ПретходноРепрезентативецот Дејан Илиев ќе „потпише“ договор со Нина
СледноНајк со екстра понуда за Барселона