Веднаш по завршување на финалето во Купот на Македонија, во меч кој Вардар го победи Е. Пелистер со 26:24. Интересно беше во финишотм, но токму кога требаше најмногу, Тимур Дибиров со мајсторски гол успеа да му донесе водство на својот тим од 25-23. Тоа беше пресудно во ова финале.
“Прво многу сме среќни зошто го освоивме пехарот во Купот на Македонија. Да, можеби на крајот беше тешко, но изгледа дека ни падна концентрацијата со оглед на тоа дека водевме во текот на мечот и со шест голови разлика. Важно е на крајот е како што треба, ние победивме. Ние сакаме да освоиме се во Македонија. Честитки за Е. Пелистер, која покажа дека има карактер, ама на крајот покажавме дека сме подобри. Веќе во четврток не чека упште еден меч, сега во првенството во Битола. Да, секој меч е различен. Сакаме да победиме и во Битола“ изјави Дибиров.