Еуро Никел не издржа до крај: Работнички му закажа финале на МЗТ Скопје

77

Работнички и Еуро Никел одиграа одличен полуфинален натпревар, кој на крајот им припадна на „црвено-белите“, славеа со 85-79 и се пласираа во финалната битка за пехарот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, таму ги чека МЗТ Скопје.

Избраниците на Димитар Мираковски мечот го отворија со 9-0, имаа и 11-5, но кавадарчани брзо фатија приклучок, по првите десет минути беше 24-20. Кошаркарите на Еуро Никел беа подобар противник во втората четвртина, на одморот имаат минимално водство од 44-47.

Вториот дел мина во изедначена битка, победникот се решаваше во последните секунди. Младеновиќ со пет поени на стартот на последната четвртина го врати водството на Работнички 65-63, кавадарчани вратија, се играше кош за кош.

Мулалиќ постигна тројка за 75-72, по изгубената топка на Еуро Никел, неговиот тим не искористи напад да го зголеми водството. Исто како и претходната средба, Бундовиќ беше човекот од одлука. Постигна шест поени во низа, четири од нив за 83-79 на 22. секунди до крајот.

На другата страна немаше одговор, на крајот Работнички заслужено се радуваше на триумфот.

Бундовиќ со 29 поени беше најефикасен кај тимот од „Градски парк“, зад него беше Мулалиќ со 17 поени. Рикиќ и Петровски запишаа по 16 поени кај Еуро Никел.

Претходно“Пиратот“ Блажевски прославува Прва лига со шампионскиот пехар! (ФОТО)
СледноТупан и Мали и дефинитивно му донесоа опстанок на Тетекс во ВМФЛ – ЗАПАД!