ЗАПАД: “Пиратите“ го добиваат пехарот, Охрид под Шара по “виза“ за баражот

34

Ако на истокот се е веќе познато тогаш во ВМФЛ – ЗАПАД во денешното 27.коло и последно од сезонава, на некои средби навистина ќе биде супер интересно.

На Автокоманда првакот за оваа сезона, тимот на Скопје пред дуелот со Велешта, инаку ова е дерби на колото, сите мечеви започнуваат од 16 часот, ќе го добие и официјално пехарот. Гостите од Велешта мора да победат и да се надеваат дека Охрид ќе киксне на гостувањето кај Тетекс, па така Велешта би играл бараж за ПМФЛ.

Сепак Охрид е во пол – позиција. Има 46 бодови, исто колку и Велешта, но подобар меѓусебен скор. Охриѓани сами си ја кројат судбината. Ако победат тогаш тие ќе играат бараж, ако одиграат реми тогаш и Велешта мора да одигра реми на гости кај Скопје, ако загубат тогаш и Велешта мора да загуби.

Интересно е тоа што и на Тетекс формално му требаат бодовите, и тоа со цел да побегне од 8.место на табелата.

Некој ќе рече зошто?

Па во некоја луда комбинација, ако Силекс и Ренова загубат во баражите за опстанок и испаднат од ПМФЛ, тогаш и осмопласираниот тим во ВМФЛ – ЗАПАД ќе испадне, покрај Дрита и веќе заборавениот Вардар Форино.

Тетекс ако го победи Охрид, ќе има 27 бодови, исто колку и Велазерими кој денеска е слободен, но тетовци имаат подобар меѓусебен скор. Па така Влезарими би морал во Трета лига, но само ако и Силекс и Ренова испаднат од елитата.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ДРИТА – КОРАБИ

ТЕТЕКС – ОХРИД

КАДИНО – ГОСТИВАР

СКОПЈЕ – ВЕЛЕШТА

ВЕЛАЗЕРИМИ (СЛОБОДЕН)

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 57

2.ОХРИД 46

3.ВЕЛЕШТА 46

4.ГОСТИВАР 42

5.КОРАБИ 33

6.КАДИНО 27

7.ВЕЛАЗЕРИМИ 27

8.ТЕТЕКС 24

9.ДРИТА 21

ПретходноИСТОК: Брегалница сака триумф над Тиквеш за перфектната сезона, се спрема славје во Штип
СледноРепрезентативецот Дејан Илиев ќе „потпише“ договор со Нина