Готово е, готово. Охрид и покрај тоа што попладнево загуби од Тетекс во Тетово со 0:1, сепак на крајот го освои второто место и ќе игра бараж за пласман во Првата лига. Ова благодарение на Скопје, кој со 3:0 го победи Велешта и со тоа му ја украде сета надеж дека може да го престигне Охрид во последното коло во ВМФЛ – ЗАПАД.
Тоа значи од друга страна дека сега Тетекс и официјално избори опстанок, па макар што и да се случувало во баражите. Сега нека му ја мисли Велазерими. Имено ако и Силекс и Ренова испадната од Првата лига, тогаш кичевци че одат во Третата лига.
На останатите мечеви од 27.коло Кадино дома одигра 2:2 со Гостивар, а Кораби со 4:3 ја победи Дрита на нејзин терен.
Значи по официјлното завршување на сезоната на западот, Скопје се пласира во елитата, Охрид ќе игра бараж, испаднаа Дрита и Вардар Форино, додека Велазерими се уште ќе стравува.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 27.КОЛО
ДРИТА – КОРАБИ 3:4
ТЕТЕКС – ОХРИД 1:0
КАДИНО – ГОСТИВАР 2:2
СКОПЈЕ – ВЕЛЕШТА 3:0
ВЕЛАЗЕРИМИ (СЛОБОДЕН)
ТАБЕЛА
1.СКОПЈЕ 60
2.ОХРИД 46
3.ВЕЛЕШТА 46
4.ГОСТИВАР 43
5.КОРАБИ 36
6.КАДИНО 28
7. ТЕТЕКС 27
8.ВЕЛАЗЕРИМИ 27
9.ДРИТА 21