И покрај фактот дека по цели единаесет години Интер повторно го освои Скудетото, сепак лоши вести доаѓаат од Милано. И дефинитивно кинеските газди немаат пари да продолжат со финансирање на еден од најголемите светски клубови.
Тренерот Антонио Конте најавува дека ако не добие гаранции дека во следниот период нема да има проблеми со финансиите тој има намера многу бргу да си замине. Воедно бара и задржување на тимот, но и екстра засилувања со цел да се нападне и ЛШ во иднина.
Тие гаранции Кинезите не може да му ги дадат, а се знае што значи тоа.
Тоа значи распад на Интер, барем на шампионскиот Интер. Имено ако Конте си оди, тогаш и најдобрите ќе си заминат. Ромелу Лукаку има супер понуда од Челзи да се врати во Лондон, Лаутаро би ја прифатил понудата на Атлетико Мадрид, а менаџерот на Ашраф Хакими веќе неколку дена преговара со Баерн Минхен.
Во случај да го нема Конте во Интер, тогаш од Милано ќе си одат уште неколкумина стандардни првотимци.