Од денеска ФК Брегалница и официјално ќе биде промовирана во нов прволигаш како првак во ВМФЛ – ИСТОК за сезоната 2020/21. Пред дерби мечот со Тиквеш, од страна на претставник на ФФМ, “сините“ ќе го добијат победничкиот пехар по што ќе може да почне и прволигашкото славје. Првиот човек на клубот, Кире Гогов пред стартот на сезоната вети прво место и пласман во елитата, ете тоа и го оствари на задоволство на фановите на Брегалница и цел фудбалски Штип.
Сепак и покрај се, Брегалница има мотиви и на последниот меч сезонава, токму против Тиквеш, да одигра најдобро што може и со победа да ја заврши перфектната сезона на истокот. Во најмала рака да остане непоразена, а со тоа и првенството да го заврши без пораз. Нешто што ретко се случува кај нас.
Мечот започнува во 16 часот во Штип, а покрај ова дерби за крај, во последното коло се среќаваат и Каменица Саса – Росоман, Плачковица – Осогово, Победа – Кожуф, Слога (В) – Кит Го.
Брегалница и официјлно е прволигаш, Тиквеш ќе игра бараж за пласман во ПМФЛ, додека од лигата испаѓаат Плачковица и Росоман.
ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
КАМЕНИЦА САСА – РОСОМАН
ПЛАЧКОВИЦА – ОСОГОВО
ПОБЕДА – КОЖУФ
СЛОГА (В) – КИТ ГО
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ
ТАБЕЛА
1.БРЕГАЛНИЦА 70
2.ТИКВЕШ 61
3.КИТ ГО 42
4.КОЖУФ 35
5.СЛОГА (В) 33
6.КАМЕНИЦА САСА 32
7.ОСОГОВО 29
8.ПОБЕДА 26
9.ПЛАЧКОВИЦА 18
10.РОСОМАН 9