Кожув ја доби мајсторката и остана во Првата лига

41

Кожув избори опстанок во нашата елитна кошаркарска лига. Гевгеличани во мајсторката од плеј – аутот со 91-78 (21-24, 26-18,22-21, 22-15 по четвртимни) го победија Црн Дрим па така со вкупни 2:1 во добиени натпревари успеаја да си обезбедат учество во Првата лига и за наредната сезона. Црн Дрим пак по само една сезона мината во елитата, се врати во Втората лига, иако оваа екипа имаше странци во својот состав.

Интересно, првата четвртина ја добија кошаркарите на Црн Дрим со 24-21, но потоа следуваше подобра игра на составот на Кожув за да на крајот дојдоа и до убедлива победа. Треба да се спомене дека последната четвртина ја отворија со 10-0.

Кај домашниот состав одличен беше Симоновски со 30 поени, додека кај гостите добра партија пружи Жоао Марсело со 25 поени.

ПретходноЗАПАД: “Пиратите“ си поиграа со Велешта, Охрид во баражот, Тетекс дефинитивно избори опстанок
СледноМЗТ Скопје го „растури“ ФМП со 20 разлика и се пласира во финалето на Купот