Куп пехарот добива нов сопственик: Битолчани со научена лекција против Вардар

48

Откако актуелниот освојувач Металург беше елиминиран во полуфиналето, пехарот во Купот на Македонија денеска (17:30 часот) ќе добие нов сопственик.

На мегдан, по вторпат сезонава силите ќе ги одмерат Вардар 1961 и Е.Пелистер. „Црвено-црните“ оваа сезона во домашниот шампионат не знаат за пораз. Својата сила на дело ја покажаа против најголемиот предизвикувач, Е.Пелистер. Битолчани најауваат цела сезона атак на тронот на Вардар, но паднаа лесно уште на првиот испит, во Скопје беа буквално демолирани, почувствуваа на своја кожа што значи да се игра против двократен освојувач на титулата во Лигата на шампионите.

Од тогаш мина долго време, а битолчани најавија дека лекцијата ја научиле. Жељко Бабиќ ќе има шанса да покаже дека ветувањата не се празни, дека тимот што го составува може да вети многу повеќе, во спротивно ќе мора нешто да се менува.

Вардар пак има искуство и во ваквите дуели, денеска ќе оди во 14 -ката. Стевче Алушовски и неговите момци оваа сезона имаат една и единствена цел – двојна круна.

Во секој случај Куп финалето најавува интересна битка.

Претходно во женското финале ЖРК Вардар ќе го предизвика ЖРК Куманово во „Автокоманда“ со почеток од 14:30 часот.

ПретходноИнтер се распаѓа: Си оди Конте, Лукаку во Челзи, Лаутаро во Атлетико, Хакими во Баерн?
СледноИСТОК: Брегалница сака триумф над Тиквеш за перфектната сезона, се спрема славје во Штип