Манасков се врати на терените, 16 интервенции на Митревски

70

Дејан Манасков се врати на терените по паузата поради повредата со која се здоби на квалификацискиот меч против Финска. Македонскиот репрезентативец постигна три гола во победата на Веспрем над Дабас од 29-39.

Манасков беше трет стрелец во редовите на унгарскиот првак со четири погодоци. За Веспрем триумфот во домашниот шампионат дојде во вистинско време по поразот од Нант во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони.

Никола Митревски продолжува со одличното издание во дресот на Порто. Репрезентативниот голман одново ја имаше главната улога во триумфот над својот тим, овој пат над Бенфика од 35-33. Митревски запиша 16 интервенции, имаше 32 проценти на одбранети удари.

За Порто ова беше 27 победа во исто толку натпревари во тамошното првенстви.

ПретходноЃоковиќ си закажа „класика“ со Надал во финалето во Рим
СледноЗинедин Зидан веќе разговарал со играчите!