Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ откако денеска ја оправда фаворитската улога во дуелот со Академија ФМП. „Штрковите“ славеа убедлива победа од 92-72 во салата СРЦ Кале и стигнаа до 14. финале во Купот на Македонија во својата историја, а прво по 2018. година.

Тесно беше во првата четвртина кога МЗТ имаше предност од два поени (18-16), но до полувреме МЗТ направи висока предност (39-29). На крајот на третата четвртина беше 21 разлика во корист на „штрковите“ (69-48) и веќе беше јасно кој ќе патува во финалето. На крајот победата МЗТ ја избори со 20 поени разлика.

Најефикасен на натпреварот беше Стефан Крстајиќ од ФМП кој постигна дури 29 поени. Кај победничкиот тим најмногу поени постигна Андрија Бојиќ (18), Кристијан Николов уфрли 14, по 11 имаа Крстевски, Олујоби и Карачиќ.

МЗТ Скопје во финалето ќе го чека подобриот од мечот Работнички – Еуроникел.

 

ПретходноКожув ја доби мајсторката и остана во Првата лига
СледноВардар преку Е. Пелистер до 14-та во Купот на Македонија