Навивачите на Борусија Дортмунд со петиција: „Терзиќ да остане прв тренер“

42

Навивачите на Борусија Дортмунд веќе почнаа петиција за останување на Един Терзиќ за прв тренер на тимот, откако е јасно дека следната сезона е ангажиран Марко Розе, а Терзиќ треба да биде помошник.

Ова доаѓа откако Борусија го освои Купот на Германија, а Терзиќ ја препороди екипата која е пред пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Засега на петицијата се потпишани околу 3.000 фанови, а се очекува бројката да се искачи до 50 илјади.

Терзиќ го наследи Лусиен Фавре на клупата. Инаку во последните денови се појавија и фотографии на социјалните мрежи како Терзиќ е меѓу навивачите на Борусија во 2012, кога тој полагал за тренер. Потоа беше назначен за помошник, а сега е прв тренер на екипата. Розе од февруари оваа година е договорен за прв тренер, но навивачите посакуваат сегашниот да биде „шеф“, а Розе воопшто да не биде на клупата.

 

ПретходноЈунајтед дава 40 милиони ерва за Рафаел Варан
СледноУбавата украинска тенисерка ја суспендираа поради допинг, она се “вади“ дека тоа било поради се*с!