Најк со екстра понуда за Барселона

65

Барселона како фудбалски клуб е еден од најпогодените од финансиската криза предизвикана од пандемијата која трае веќе втора година. Приходите се многу мали, а трошоците огромни, и тоа сите добро го знаат.

Новиот претседател на клубот, Хуан Лапорта има намера во неговиот мандат да ја поправи ситуацијата и на сите страни е растрчан што се вели по нови спонзори.

Па така, неочекувана понуда пристигна од САД, и тоа од главниот штаб на Најк, од каде што е понудена неочекувана соработка за Барселона. Најк е главен спонзор на опремата на клубот, но сега на маса е понуда, Најк да стои и како главен спонзор на дресот.

Досега тоа беше кинеската компанија „Racuten“, чија што финансиска понуда веќе не може да ги задоволи потребите на клубот, па Најк достави своја.

На „Racuten“ договорот со Барселона му истекува за една година, па Најк даде рок до месец октомври Барселона да се одлучи со која опција продолжува.

ПретходноГеоргиевски со Македонското знаме на чело на ОИ во Токио
СледноЃоковиќ најдобар кога е најпотребно