Набргу ќе полни 38 години а Горан Пандев или Гранде Пандев едносавно не знае за доста. Попладнево против Аталанта влезе во вториот дел, постигна гол за 2:4, асистираше за 3:4, но сепак Македонецот не е семоќен. Џенова го загуби мечот, но затоа Пандев покажа дека е ЦАР во Серија А.
Го подобри својот рекорд, дојде до 101 гол во Серија А и покажа дека е класа за себе.
Тресе, асистира. Па добро бе Гоки до кога?
До кога ќе ги “тероризираш“ голманите во Серија А?
Се надеваме барем уште една сезона…