И дефинитивно, и официјално ФК Скопје во следната сезона ќе игра во Првата лига. Апсолутно заслужено. “Пиратите“ од Автокоманда беа најдобри во ВМФЛ – ЗАПАД, а тоа и денеска го покажаа кога во дербито со 3:0 го победија составот на Велешта. Скопје пред две кола стави “печат“ на елитата, но денеска го доби пехарот.
Славјето беше големо, имаше огномет, впрочем како што доликува на фановите на тимот од Автокоманда.
Дека ФК Скопје е “пиратски“ клуб, доказ е и оваа фотографија на која Мартин Блажевски, еден од најдобрите фудбалери на новиот прволигаш, го прославува успехот со пиратска кореографија и се разбира со шампионскиот пехар.
“Прва лиго, еве не…“ порачуваат од Автокоманда.