Францускиот тим минатата година играа во финалето во кое беа поразени од Баерн, додека оваа година со ЛШ се збогуваа во полуфиналето кога ги елиминираше Манчестер Сити.
Ниту во домашното првенство не им оди како што планираа, Лил е пред нив.
Но, на „Паркот на Принцевите“ се подготвуваат за новата сезона и вчера ги претставија новите дресови со кои ќе ги одиграат голем дел од своите натпревари. Станува збор за домашна гарнитура, „Најк“ ги воодушеви сите, ПСЖ ќе го носи брендот „Air Jordan“.
Оваа соработка почна пред неколку години, но сега логото ќе биде на првата гарнитура.
Дизајнот не е традиционален, доминира сината боја. Фудбалерите на ПСЖ вчера позиции во новите дресови, а навивачите се израдуваа поради еден важен детал, на фотографиите беше и Килијан Мбапе. Ова може да се сфати како порака дека и следната сезона ќе остане во овој клуб.