Македонскиот репрезентативен голман, Дејан Илиев ќе заплива во брачните води. Тој ја побара својата избраничка Нина за сопруга, а таа нормално се согласи.
Илиев ја сподели веста на социјалните мрежи и се пофали со прекрасната вест. Илиев измината полусезона ја мина на позајмица во тимот на Шрузбери, а летово секако дека неговиот статус како и години наназад одново ќе се решава. Тој е под договор со Арсенал, но нова позајмица секако дека ќе биде главна тема.