Стојанче Стоилов одново ја покажа својата големина, како и несебичност. Наместо како капитен прв да го подигне Куп-пехарот, таа чест му ја препушти на Иван Чупиќ. Добро е познато дека хрватскиот репрезентативец ги игра последните денови во дресот на Вардар, од следната сезона ќе биде дел од тимот на ППД Загрбе.
Ова не е првпат пехарот наместо Стоилов да го подигне еден од играчите кои си заминуваат од Вардар. Вака беше пред две години, тогаш Карачиќ ги подгна сите трофеи кои „црвено-црните“ ги освоија.