Трипл-дабл на Дончиќ во лоша шутерска вечер (ВИДЕО)

161

Далас го надигра Торонто со 114-110 во претпоследниот меч од регуланиот дел од сезоната и обезбеди место меѓу најдобрите шест тимови во Западната конференција.

До овој триумф, Нагетси ги предводеа Порзингис и Дончиќ. Словенецот иако немаше добра шутерска вечер сепак мечот го заврши со трипл-дабл. Дончиќ за три поени имаше 1/8 и 7/19 од игра, но запиша 20 поени, 10 скока и 11 асистенции. Неговиот соиграч Порзингис имаше 21 поен и 10 скока.

Никола Јокиќ продолжи со одличните партии, во победата на Денвер над Детроит од 104-91 имаше трип-дабл од 20 поени, имаше 15 скокови и 11 асистенции.

Резултати: Вашингтон – Кливленд 120:105, Детроит – Денвер 91:104, Оклахома – Јута 93:109, Филаделфија – Орландо 122:97, Далас – Торонто 114:110, Хјустон – ЛА Клиперс 122:115, Мемфис – Сакраменто 107:106,
Голден стејт – Њу Орлеанс 125:122.
ПретходноНовиот тренер на Јуве веќе e во Торино (ФОТО)
СледноВанчо Трајанов се врати во Локо Пловдив