Тупан и Мали и дефинитивно му донесоа опстанок на Тетекс во ВМФЛ – ЗАПАД!

401

Нема веќе дилеми. Тетекс, еден од нашите најпознати фудбалски брендови кој играше и во првата фудбалска лига на екс – СФРЈ, и во наредната сезона ќе настапува во ВМФЛ – ЗАПАД. Без разлика на резултатите од баражите, “штофарите“ следната сезона ќе играат каде што играа и во оваа. Тие денеска го победија Охрид со 1:0 и со тоа сега грижите им ги препуштија на тимот на Велазерими од Кичево. Сега кичевци треба да стравуваат од баражите.

Секако дека едни од најзаслужните за успехот на Тетекс се тренерот Славчо Георгиевски – Тупан и неговиот прв асистент Дејан Цветковски – Мали.

Токму затоа “Војводите“ порачаа…“Тетекс е повеќе од клуб-заедно сме појаки!!!“.

ПретходноЕуро Никел не издржа до крај: Работнички му закажа финале на МЗТ Скопје
СледноЧупиќ: Сакаме во Битола да го решиме првенството!