Е. Пелистер не успеа да го победи Вардар и да го освои Купот на Македонија во ракомет. Попладнево во салата Автокоманда во Скопје, битолчани загубија од вардарци во решавачкиот меч со 26-24. Па така сега ќе мораат да чекаат на нова шанса во Купот за овсвојување на пехарот.
Свој коментар по мечот имаше голманот на Е. Пелистер, Градимир Чаневски…
“Мислам дека во ова финале влеговме со преголем респект. Тоа ни создаде проблеми, во првиот дел имавме минус кој ете не успеавме до крајот да го достигнеме. Се трудевме, го дадовме максимумот, ги вложивме сите напори, но не успеавме да стигнеме. Им честитам на победницитем, на ракометарите на Вардар, за титулата, заслужено, секоја чест. Сметам дека решавачко беше искуството на противникот, ние сме нова екипа, допрва доаѓа нашето време“ истакна голманот на битолчани.