Чеде Јаневски, еден од нашите најдобри тренери, инаку екс селектор на Македонија, на својот сегашен тим Олимпијакос Никозија му донесе епски успех. Имено по цели 30 години тој го внесе Олимпијкакос во големото финале во Купот на Кипар. Но тука Македонецот и неговиот тим не сакаат да застанат. Вечерва во финалето, кое започнува од 19.30 часот, Чеде во битката за пехарот ќе го има за ривал силниот Анортозис.
Во пресрет на вечерашното финале, Јаневски на пресот покрај другото изјави…
“Ние сме тим од средното ниво во Кипар. Сепак, се надевам дека ќе успееме да го освоиме пехарот. Ова за нас и нашиот клуб ќе биде историски момент“ посочи нашиот тренер.
Инаку, барем според информациите од Ј.Африка, Јаневски веднаш по вечерашното финале ќе патува во таа земја каде ќе му се придружи во стручниот штаб на новиот селектор на “бафана момците“ Хуго Брос, каде што ќе биде во улога на асистент.