Раководството на Челзи планира да му понуди нов договор менаџерот Томас Тухел, иако тој во клубот е само половина година. Под негово водство, тимот направи значителен напредок на сите полиња, од играчи преку резултатски, и на „Стемфорд Бриџ“ сакаат да го продолжат договорот со германскиот стратег.
Според новинарот на „Билд“, Кристијан Фолк, по крајот на сезоната Тухел ќе добие понуда за нов допговор кој е со траење до 2024 година. Неговиот сегашен договор е на 1,5 година и беше потпиша во јануари, кога поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и ПСЖ го замени Франк Лампард.