Чупиќ: Сакаме во Битола да го решиме првенството!

30
ФОТО: РК Вардар/Денис Дуковски

Иван Чупиќ е најкорисниот ракометар во Купот на Македонија. Хрватскиот репрезентативец го подигна првиот пехар пред да се раздели во Вардар 1961.

Тој и неговите соиграчи ја оправдаа улогата на фаворит против Е.Пелистер, по вторпат сезонава го совладаа најголемиот конкурент за титулата.

Честитки за екипата, одигравме добар турнир, дојдовме како фаворити и ги оправдавме очекувањата. Во финалињата секогаш сè е можно, бидејќи се работи за еден натпревар. Ние на наша страна имавме добра одбрана и одличен голман, дадовме и лесни голови. Во второто полувреме Е.Пелистер го покажа својот квалитет се врати, се бореше до крај. Ние бевме малку уморни, но покажавме карактер и го задржавме водството. Заслужено го освоивме Купот“, изјави Чупиќ, а потоа најави победа и во Битола.

Двата тима во четврток ќе ги одмерат силите, победа за Вардар ќе значи двојна круна оваа сезона.

„Мечот со Пелистер во Битола во четврток е само еден натпревар што не чека во низата до крајот на сезоната. Знаеме дека имаме добар резултат од првиот натпревар во Скопје. Целта е што порано да го обезбедиме првенството, односно титулата, но тоа не го намалува фактот дека Пелистер е одличен тим. Ние сакаме уште во четврток и потоа на уште 2-3 натпревари да го покажеме нашиот карактер и да ги победиме сите натпревари до крај“, заврши Чупиќ.

ПретходноТупан и Мали и дефинитивно му донесоа опстанок на Тетекс во ВМФЛ – ЗАПАД!
СледноАвтокоманда “ГОРИ“: Пиратско шоу…. (ВИДЕО)