Ѓоковиќ најдобар кога е најпотребно

39

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето од мастерсот во Рим откако предмалку со 2:1 по сетови 4:6, 7:5, 7:5 го победи гркот Стефанос Циципас, во еден од најдобрите тениски мечеви видени откако стартуваше сезоната.

Циципас иако имаше сосема реални шанси да го добие ова четвртфинале, сепак, Новак и тоа како покажа зошто е број еден во светот, и се спаси од многу речиси безизлезни ситуации во текот на мечот, и на крајот истиот и го доби.

Ѓоковиќ сега го чека подобриот од дуелот Сонего – Рубљев за да го дознае противникот во следното коло.

 

ПретходноНајк со екстра понуда за Барселона
СледноЧелси го наградува Тухел со нов договор до 2024