Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим со триумф над Италијанецот Лоренцо Сонега во три сета – 6:3, 6:7 (5:7), 6:2!
Србинот ќе го брани трофејот во Вечниот град против Рафаел Надал, во класиката што е закажана за в недела во 17 часот. Новак славеше против 33-от играч во светот по голема борба за два часа и 45 минути игра.
Србинот можеше да стигне до финалето многу порано, но пропушти две мечеви топки во 12-от гем од вториот сет, а потоа ја прокоцка предноста од 3:0. Во решавачкиот сет тој врати во ритам, и успеа да обезбеди место во борбата за шестата титула во главниот град на Италија.