Јунајтед дава 40 милиони ерва за Рафаел Варан

28

Досегашниот член на тимот на Реал Мадрид, Рафаел Варан речиси е на излезна врата од Сантијаго бернабе со оглед на фактот што клубот планира голема реконструкција на тимот. Неговиот актуелен договор истекува во 2022 година па Мадрид секако дека сака нешто да наплати продавајќи го трофејниот француски дефанзивец.

Па така, според англиските медиуми, екипата на Манчестер Јунајтед е подготвена да плати цели 40 милиони евра за стоперот и да го доведе на Олд Трафорд. Јунајтед мака мачи со дефанзивната линија, тоа убаво се виде на последниот меч на домашен терен кога Ливерпул славеше со 1:4, па што побргу сака да доведе квалитетно засилување на овие позиции.

 

ПретходноЧелси го наградува Тухел со нов договор до 2024
СледноНавивачите на Борусија Дортмунд со петиција: „Терзиќ да остане прв тренер“