Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио (Јапонија) кои се очекува да се одржат годинава од 23 јули до 8 август.
Оваа вест со задоволство ја објави тренерот на таеквондо клубот „Бутел“, Дарко Костовски
„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“ – рече Костовски
Потсетување дека Георгиевски на квалификацискиот турнир во Софија (Бугарија) ја обезбеди олимписката норма, во големото финале со резултат 13:6 го совлада актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.
Тој е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, претходно борачот Могамедгаџи Нуров се избори за норма.