Екипата на Куманово го одбрани пехарот од пред две години во Купот на Македонија, во финалето го совлада Вардар со убедливи 26-18 (12-9).
Добрата игра во второто полувреме беше клучна за триумфот на ракометарките на старо-новиот освојувач. Откако вардарки на стартот на вториот дел дојдоа на минус еден, влегоа во лоша серија на реализација, на другата страна стигна казната. Куманово брзо се искачи на 21-15 за мирен финиш.
Јанкуловска со шест и Трајковиќ со четири гола беа најдобрите стрелци кај победникот, во редовите на ЖРК Вардар, Трпевска имаше пет погодоци.