Како само за момент се менуваат работите. Откако во текот на денот медиумите во Италија најавија дека повредата на Златан Ибрахимовиќ и не е така сериозна, и дека тој веројатно ќе игра за Шведска на ЕУРО 2020, попладнево лоша вест од Фудбалскиот сојуз на Шведска.
А таа вели дека официјално Златан Ибрахимовиќ нема да игра на ЕУРО, односно повредата сепак е сериозна и тој не е на списокот на селекторот на репрезентацијата на Шведска.
“Разговарав со Златан во текот на денот и тој лично ми соопшти дека повредата е сериозна и дека нема да може да игра за Шведска на претстојното ЕП. Секако дека ова е тажно за сите нас, посебно за Златан“изјави селекторот Јане Андерсон.