„Дебелкото“ од Мундијалот во Египет шокираше со изборот на новиот клуб

68

Тјери Гаутиер Мвумби, беше во центарот на вниманието на ракометниот Мундијал годинава во Египет.

Мвумби играше за Конго, а го привлече вниманието со неговите 130 килограми.

Играше во францускиот второлигаш Дроксе, и многу очекуваа по Мундијалот во Египет да замине во подобар клуб. Тој беше „мета“ на неколку француски и шпански тимови, но на крајот се одлучи да ја продолжи кариерата во САД, потпишувајќи договор со екипата на Детроит.

ПретходноСВР Тетово: Кривични пријави за влегување на фудбалски терен и прекршување на ковид мерките
СледноЕкс фудбалер на Ливерпул, Тотенхем, репрезентацијата: „По кариерата пиев, се коцкав, се тепав со браќата“