ЦСКА Москва после долго време останува без излез во Европа во рускиот шампионат, откако по денешното последно коло, заврши како шестопласиран, па така историјата ја запиша тимот на Сочи, кој за прв пат се пласираше во Европа.
Дебитантот во најсилниот руски шампионат заврши како преттопласиран и ќе игра во Лигата на Конференции. Таму ќе игра и Рубин Казан, додека Локомотив Москва во Лигата на Европа. Спартак Москва, пак, во квалификациите за ЛШ, а Зенит ќе игра директно во Лигата на шампионите.
Од лигата испаѓаат Ротор и Тамбов.