Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово додека се играше мечот од последното прволигашко коло меѓу Шкендија и Шкупи.
Во изјавата на портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски се вели:
„Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени поднесоци“, информира портпаролот на СВР Тетово.