Како што известуваат медиумите од Островот, македонскиот репрезентативец и член на Лидс, Езџијан Алиоски се најде под истрага на англиската фудбалска асоцијација или ФА. Причина е гестикулацијата на Џани со плазење на јазикот на вчерашниот меч со Барнли кон противничкиот фудбалер Двајт Мекнил.
Како што информира тренерот на Барнли, еден негов играч го пријавил случајот до службените лица на тој натпревар, и тој го видел, односно присуствувал на пишувањето на пријавата, но не успеал убаво да го види целиот случај.
Сепак стратегот на Барнли не обзнани дали во пријавата стои дека потегот на Алиоски има дискриминирачки елементи.
Инаку пријавата е доставена до ФА која секако дека ќе покрене истрага за Алиоски.
Од друга страна тренерот на Лидс, Марсело Биелса исто така посочи дека не ја видел дисктредитацијата.