Борусија (Д) стави печат на пласманот во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

56

Фудбалерите на Борусија Дортмунд обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона, откако денеска заминаа со победа од 3:1 на гостувањето кај Мајнц во претпоследното коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ одиграа офанзивно од самиот почеток на натпреварот и беа далеку подобар тим од Мајнц. Во првиот дел од мечот Гереиро и Ројс погодија за водство на гостите од 2:0.

Во второто полувреме, триумфот на Борусија Дортмунд и потврдата на пласманот во Лигата на шампионите го запечати Брандт со погодок во 80-та минута.

Почесниот гол за гостите го постигна Кваисон во 91 минута.

ПретходноМираковски: Немаме време за жалење, не чека плеј-офот
СледноБркотница во Ла Лига: Мадридските ривали до последно ќе „трчаат“ кон врвот (ВИДЕО)