Вака прават големите: Радуловиќ не го заборави Кочов

207

Дарко Радуловиќ од помошник на Ѓорѓи Кочов доби шанса да застане како главен предводник на МЗТ Скопје, откако управата на тимот од Аеродром одлучи да направи тренерска смена.

По завршување на финалето, популарниот Радуле не заборави да го спомене Кочов, како еден од најзаслужните за првиот пехар на МЗТ Скопје оваа сезона.

„Честитики до момците, за нивната храброст, беа фантастични. Би сакал да споменам на неколку луѓе кои имаат удел во овој пехар. Ѓорѓи Кочов има голема заслуга за овој трофеј, кој беше креатор на овој тим, како и останатите кои беа дел од струшниот штаб тогаш. Исто благодарност до раководството, ми дадоа поддршка. Огромна благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот тим, кој дава се од себе. Играчите оставија срце на терен, покажаа дека имаат квалитет. 

Пред да почне мечот, им кажав над 20 поени победуваме. Одбраната беше на ниво, скокот беше клучен фактор“, изјави Дарко Радуловиќ. 

ПретходноРадуловиќ влезе во посебно друштво
Следно„Сино-бела“ доминација за десета доминација