Во Барселона веќе си закажале состанок со новиот тренер

113

Нема веќе дилеми дека и Барселона останува без својот шеф на стручниот штаб Роналд Куман. Холанѓанецот беше доведен да ги поправи работите во тимот каде што владееше хаос, можеби само малку успеа, но не и до крај. Барса има сезона за заборав, па затоа старо – новиот претседател Лапорта посакува нов стратег.

А тој нов стратег е клупската легенда Чави Хернандез. Некогашниот капитен на Барса а сегашен тренер на Ал Сад од Катар, со кого деновиве и ја продолжи кариерата, но се чини дека Лапорта сепак ќе се обиде да го наговори Чави да се врати на “Камп Ноу“. Интересно е тоа што, како што пренесуваат каталонските медиуми, Лапорта и Чави веќе договориле состанок на кој ќе треба да видат дали е можна соработка.

Чави кај фановите на Барса, кај луѓето од клубот има најголема поддршка, а јасно е дека ако тој е тренер тогаш и Лео Меси останува во Барса.

ПретходноАлиоски под истрага на ФА!
СледноЕмотивен говор на сопругата на Коби, Џордан едвај се воздржи (ВИДЕО)