Тјери Гаутиер Мвумби, беше во центарот на вниманието на ракометниот Мундијал годинава во Египет.
Мвумби играше за Конго, а го привлече вниманието со неговите 130 килограми.
Играше во францускиот второлигаш Дроксе, и многу очекуваа по Мундијалот во Египет да замине во подобар клуб. Тој беше „мета“ на неколку француски и шпански тимови, но на крајот се одлучи да ја продолжи кариерата во САД, потпишувајќи договор со екипата на Детроит.