Евертон со најмногу домашни порази во последните три децении (ВИДЕО)

48

Фудбалерите на Еврртон се посрамотија на домашен терен во последниот неделен натпревар од 36. коло во Премиер лигата, откако загубија од испаднатиот Шефилд Јунајтед со 1:0.

Голот постигнат во седмата минута од натпреварот на Даниел Џебисон, 17-годишник во редовите на тимот што следната сезона се сели во Чемпионшип, беше доволен за победа на Шефилд.

Со 17 години и 309 дена, тој е најмладиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал гол на своето деби.

На две кола пред крајот на сезоната, Евертон е на осмото место со 56 бода и е на пат да остане без европски пласман. Со овој пораз, „карамелите“ дојдоа до 9 порази на домашен терен сезонава, антирекорд последен пат забележан во сезоната 1993/94.

 

ПретходноЕкс фудбалер на Ливерпул, Тотенхем, репрезентацијата: „По кариерата пиев, се коцкав, се тепав со браќата“
СледноСедлоска и Локомотива нови освојувачи на хрватскиот куп