Емотивен говор на сопругата на Коби, Џордан едвај се воздржи (ВИДЕО)

56

После осум месеци одложување поради пандемијата коронавирус, синоќа на свечена церемонија во Спрингфилд во „Куаќата на славните“ конечно беше промена генерацијата 2020, можеби и најголемата во историјата.

Три легенди добија место. Станува збор за Кевин Гарнет, Тим Данкан и легендарниот Коби Брајант, кој го загуби својот живот во хеликоптерска несреќа.

Во вечер полна со емоции, најголемите остнаа за на крај, во друштво на идолот на Коби и ментор, Мајкл Џордан, се приклучи Венеса Брајант.

„Секогаш одбегнував јавно да го фалам мојот сопруг бидејќи сето тоа го добиваше од навивачите, па некој мораше да го враќа во реалноста. Сигурна сум дека сега се смее на небото, бидејќи ќе го фалам во јавноста поради неговите неверојатни достигнувања. Тој и натаму победува“, на овој начин спругата на Коби го започна говорот во друштво со Џордан кој се бореше со емоциите.

Таа се присети како Коби во среде сезона поради повреда се учел да шутира и со леца рака, како погодил две слободни флрања со скината Ахилова тетива без ничија помош, како не сакал да го пропушти натпреварот поради навивачите кои штеделе пари за да купат билет и да го гледаа во живо.

https://www.youtube.com/watch?v=x9CX6LH7AG0

Ванеса говореше како Коби сакал секој ден да биде подобар од претходниот, а како едно од најголемите достигнување го издвои Оскарот. Повеќе од сè, таа го пофали како неверојатен семеен човек, сопруг и татко на нивните ќерки Наталија, Џиџи, Бјанка и Капри.

„Коби, ти благодарам што беше најдобриот сопруг и татко. Ти благодарам што растеше и учеше од своите грешки. Ти благодарам што секогаш се обидуваше да бидеш подобар“.

Емотивниот говор го заврши со една реченица на Коби:

„Еднаш ми рече: Ако веќе се обложуваш, тогаш обложи се на себе. Мило ми е што се обложи на себе. Успеа. Ти си во куќата на славните. Ти си вистински шампион, не само МВП, туку великан на сите времиња. Толку сум горда на тебе. Те сакам сега и засекогаш. Коби Брајант“, рече Ванеса.

ПретходноВо Барселона веќе си закажале состанок со новиот тренер
СледноМега-талентот Лука Станковски денеска го игра последниот меч за Работнички, време е за Монца!