Зинедин Зидан веќе разговарал со играчите!

80

Се погласни стануваат гласините за заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Францускиот стратег оваа одлука веќе им ја сопштил на играчите, а наскоро истата ќе биде и официјална.

Вчера се појави информација дека Зидан е психички и физички уморен, а сега дојде уште една потврда дека следува нова разделба.

За разлика првиот пат кога беше тренер на Реал Мадрид и кога освојуваше пехари во сите натпреварувања, овој пат францускиот стратег успеа само минатата година да стане првак на Ла Лига, дали ќе биде така и сега останува да видиме. Атлетико Мадрид е лидер на два бода пред „кралевите“.

ПретходноМанасков се врати на терените, 16 интервенции на Митревски
СледноЛејкерси и Портланд ги чека голема драма (ВИДЕО)