Клупската легенда се поблиску да го замени Зидан на клупата на Реал

38

Голема е веројатноста Зинедин Зидан на крајот од сезоната да стане поранешен. Поради слабите резултати се погласни се шпекулациите дека би можел да биде разрешен. Реал Мадрид е елиминиран од ЛШ, а го чека и тешка битка за титулата, односно последното коло во кое Реал во моментов е далеку од титулата.

Но, „кралевите“ нема да одат далеку по ангажман на новиот тренер. Како најсериозен кандидат да го наследи е легендата Раул Гонзалез.

Раул во моментов е тренер на Реал Мадрид Кастиља, а зборуваше и за можноста да стане прв тренер на Реал.

„Јас тренер во Реал? Тука сум, ако требам“, рече Раул не сакајќи повеќе ништо да коментира.

Раул исто така се поврзува и со тренерската клупа на Ајнтрахт Франкфурт, кој е сериозно заинтересиран за Шпанецот.

ПретходноДрама во последното коло во Русија: ЦСКА остана без Европа, историски ден за Сочи!
СледноПолувреме: “Пандевци“ водат, ВОЈНА во Кратово, Алтипармаковски исклучен, 0:0 на Арената…