По триумфот против Веспрем во рамките на првиот четвртфинален натпревар, Нант продолжи во ист ритам и во француското првенство. Тимот за кого настапува Кирил Лазаров ја оправда фаворитската улога, го совлада Истр на гостински терен со убедливи 26-33 за шеста победа во низа.
Ракометарите на Нант „мака“ видоа во првото полувреме, имаа предност од само еден гол (12-13). Но, по одморот ја зацврстија одбраната и без проблем ги прокнижија бодовите.
Лазаров немаше свој ден, средбата ја заврши со еден гол од пет обиди, истиот го реализираше од седум метри.
Нант останува на третото место на табелата зад Монпеље и ПСЖ.