Лејкерси и Портланд ги чека голема драма (ВИДЕО)

49

ЛА Лејкерс останаа во игра за плеј-офот откако на гостински терен ја победија Индијана со 115-122 во многу возбудлив натпревар.

Актуелниот шампион имаше предност од осум поени разлика од првата четвртина (28-36). Пејсерси држеа чекор, но „езерџиите“ на крајот дојдоа до многу важен триумф.

Гостите до триумфот ги предводеа двете најголеми ѕвезди. Ентони Дејвис мечот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 10 скока, додека Леброн Џејмс имаше 24 поени. Кај поразениот тим, кој сега се најде на 10. место на Истокот, Карис Леверт имаше 28 поени и 12 асистенции.

Лејкерси се седми на Западот, пред почетокот на последниот меч од регуларниот дел имаат ист учинок како Портланд (41-30).

На последната средба актуелниот првак игра против Њу Орлеанс, додека Портланд ќе игра против Денвер.

Резултати: Бруклин – Чикаго 105-91, Индијана – ЛА Лејкерс 115-122, Њујорк – Шарлот 118-109 (прод.), Минесота – Бостон 108-124, Сан Антонио – Фенис 103-140, Минесота – Мајами 122-108. 

ПретходноЗинедин Зидан веќе разговарал со играчите!
СледноАлиоски под истрага на ФА!