Рафаел Надал е победник на Мастерсот во Рим. Шпанецот триумфираше против најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во три тешки сета со 7:5, 1:6. 6:3.
Со победата против Ѓоковиќ, Надал ја освои титулата во Рим по десеттипат во кариерата. Натпреварот траеше скоро три часа во кои имаше вистинско шоу за гледачите.
Ова беше 89-та титула на Шпанецот во неговата кариера, а Новак засега останува на 83. Во меѓусебните натпревари, Ѓоковиќ сепак има повеќе победи од Надал (29:28), а според бројот на освоени титули на Мастерс турнирите, двајцата играчи сега се израмнети на 36.