Полувреме: “Пандевци“ водат, ВОЈНА во Кратово, Алтипармаковски исклучен, 0:0 на Арената…

56

По првите 45.минути во последното 33.коло во ПМФЛ, А. Пандев е на чекор да го избегне баражот. Имено струмичани дома водат против Борец со 2:1. Манев и Миловановиќ му донесоа водство на својот тим од 2:0, но Ѓоргиев намали на 2:1.

Војна во Кратово. Резултатот е 0:0 и многу нервоза на теренот. Гостите од Струга на кои им треба победа, останаа со играч помалку откако Алтипармаковски во 28 минута доби директен црвен картон.

Вардари и одолева на Македонија ЃП, резултатот е 0:0, а Ренова води против Работнички со голот на Шефити.

Води и Шкендија против Шкупи со голот на Бесарт Ибраими.

Исто така водство од 1:0 има и Пелистер против Беласица, и тоа со голот на Драгарски.

ПретходноКлупската легенда се поблиску да го замени Зидан на клупата на Реал
СледноТомовски и Лудвигсхафен загубија важна битка за опстанок