Приштина и Зекирија Рамадан официјално шампиони на Косово

60

И натаму доминираат тренерите од Македонија во шампионатот на Косово. И годинава како и пред две сезони со тимот на Приштина, шампион е Зекирија Рамадан. Ова за него е втора титула во шампионатот на Косово, затоа што пред две години истото го стори со тимот на Фероникели.

Во меѓувреме титулата ја освои Ардијан Нухији со тимот на Дрита.

Македонските интернационалци кај овој наш сосед очигледно најдоа одлична фудбалска средина за развој и просперитет во кариерите, покрај на играчко така и на тренерско ниво. Шампионатот на Косово од година во година се повеќе напредува, и условите таму се и повеќе од добри.

 

ПретходноБркотница во Ла Лига: Мадридските ривали до последно ќе „трчаат“ кон врвот (ВИДЕО)
СледноТројцата „мускетари“ на Антиќ направија фото-спомен со Дамјан